Сочен прилог: Печени, полнети компири

Ако до сега ги испробавте сите рецепти за печени компири во рерна со разни додатоци, ова е еден сосема поинаков рецепт кој морате да го пробате.

Peceni-kompiri-so-sos-od-pecurki-i-crveno-vino-01

Покрај тоа што е неверојатно вкусен, тој е исто така одлична идеја која можете да ја послужите како предјадење или додаток на главното јадење кога ќе сакате да ги импресионирате вашите гости.

Состојки:

  • 4 големи компири
  • 2 лажици масло
  • 1 голема главица кромид
  • 1/4 лажичка шеќер
  • 1 чешне лук
  • 450 g печурки
  • 230 ml црвено вино
  • 90 ml оцетот балсамико
  • 3/4 лажичка пченкарно брашно
  • 2 лажички свеж магдонос, сечкан
  • Сол и бибер по вкус
  • горгонзола сирење, за декорација
  • власец, за декорација

Начин на подготовка:

Во сад измешајте го оцетот и пченкарното брашно.

Во тава на оган ставете една лажица масло и додадете ги исечканиот кромид. Пржете на средна температура околу 10 минути. Попрскајте го кромидот со шеќер и продолжете да мешате.

Намалете ја температурата и пржете уште 20 минути, промешувајќи на секои 3-5 минути.

Додадете го преостанатото масло и додадете ги лукот и печурките. Потоа зголемете ја температурата на умерена и пржете додека печурките добијат златна боја, околу 5-7 минути.

Додадете го црвеното вино и убаво измешајте. Потоа додадете го оцетот. Зголемете ја температурата и оставете смесата да зоврие. Откако ќе зоврие повторно намалете на средна температура и оставете да врие додека не добиете густ сируп. Додадете го магдоносот и сол и бибер.

Добиената смеса послужете ја врз претходно испечени компири.

Декорирајте со горгонзола и власец.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg