Чоколадни тартуфи од 3 состојки
За многумина едноставноста е одраз на совршенството, а овој десерт во целост го потврдува тоа.
Составен од само три состојки, тој е нешто во кое ќе се заљубите на прв поглед.
Состојки:
- 450 g темно чоколадо
- ¼ чаша павлака
Прелив (по желба)
- какао
- шарени чоколадни трошки
- сечкани лешници/ореви
- кокос
Начин на подготовка:
Ставете го чоколадото во микробранова, на интервали од 15 секунди, додека не се растопи целосно.
Потоа постепено додавајте ја павлаката и убаво мешајте додека не се соедини сместата.
Добиената смеса ставете ја во фрижидер, 15-20 минути да се олади.
Од смесата формирајте бомбици, кои подоцна ќе ги извалкате во омилениот додадок (какао, чоколадни трошки, кокос, сечкани лешници/ореви...)
3-Ingredient Dark Chocolate Truffles3-Ingredient Dark Chocolate Truffles FULL RECIPE: http://bzfd.it/2m8V1fk
Posted by Goodful on Saturday, March 11, 2017
-->
М. С. | Црнобело