Индиски колачиња Барфи со кокос и млеко

Секој народ покрај својата култура и традиција, поседува и посебна кујна која го прави препознатлив и посебен.

Indiski-barfi-so-kokos-i-mleko-01_copy.jpg

Секое од овие јадења на специфичен начин ја претставува земјата од која потекнува и традицијата која таа ја носи со себе.

Овој пат, барем гастрономски, ве носиме во Индија и ве предизвикуваме да направите барфи со кокос и млеко.

Состојки:

  • 50 g путер (омекнат)
  • 100 g млеко во прав
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 лажичка шлаг пена
  • 150 g кондензирано млеко
  • 100 g кокос
  • 100 g ореви

Начин на подготовка:

Во подлабок сад ставете ги млекото, омекнатиот путер и шеќерот во прав.

Сомелените ореви измешајте ги со шлагот и додадете ги во длабокиот сад.

Убаво измешајте и добиената смеса ставете ја во фрижидер 10 минути. Откако ќе се олади исечете коцки.

За бомбици со кокос измешајте го кондензираното млеко со кокосот. Добиената смеса ставете ја во фрижидер околу половина час. Кокосот би требало да го впие млекото.

Изведете ја смесата од фрижидер и оставете да отстои 10 минути. Потоа започнете со правење на еднакви топчиња.

Топчестите форми извалкајте го во кокос, а коцките декорирајте ги со индиски ореви, лешници, бадеми...

indiski-barfi-kolacinja-so-kokos-i-mleko-1.jpg

indiski-barfi-kolacinja-so-kokos-i-mleko-2.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Кремаст чизкејк со кокос, без печење Во потрага сте по брз десерт кој ќе го подготвите за гости или за своја душа? Чи...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg