Појадок за 5 минути: Воздушести палачинки од рерна

 Ако сè уште не сте го пробале овој класичен германски појадок, време е да го направите.

dorucek-za-5-minuti-palacinki-vo-rerna-1

Лесен и брз појадок кој ќе стане вистински хит во кругот на вашето семејство.

Ви требаат само 5 минути да ги подготвите и потоа само гледајте како овие германски палачинки стануваат златни и меки во вашата рерна.

Потребни состојки

  • 8 големи лажици бело брашно
  • 3 јајца
  • 120 ml млеко
  • 3 големи лажици стопен путер
  • 1 голема лажица шеќер
  • ¼ мала лажица сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 230 степени.

Во сад со средна големина измешајте ги јајцата, млекото, стопениот путер, солта и шеќерот. Додадете го брашното и мешајте се додека смесата не стане хомогена.

Една голема лажица стопен путер истурете во тава. Врз путерот ставете ја веќе приготвената смеса за палачинки и печете во загреана рерна од 12-18 минути или додека краевите на добијат златно кафеава боја.

Додадете овошје, шеќер во прав, или крем по ваш избор.

Германците ги јадат овие палачинки со сок од лимон и шеќер во прав.

pojadok-za-5-minuti-vozdushesti-palacinki-od-rerna-1.jpg

pojadok-za-5-minuti-vozdushesti-palacinki-od-rerna-2.jpg

pojadok-za-5-minuti-vozdushesti-palacinki-od-rerna-3.jpg

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најмеките палачинки без млеко (може да останат свежи и до два дена) Подгответе вкусни палачинки и наполнете ги со фил по ваш вкус. Еден од триков...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg