Модерна верзија на ванилиците на баба

Овие колачиња се толку едноставни и лесни за подготовка, а се топат во устата и можеме да гарантираме дека нема да застанете на само едно изедено колаче.

Moderna-verzija-na-domasnite-babini-vanilici-so-dzem-01.jpg

Ќе потрошите околу 35 минути за правење на 24 колачиња, а веројатно ќе ви биде потребно дупло помалку време да ја испразните чинијата.

Намирниците се лесно достапни, а потребно ви е:

  • 1 шолја солен омекнат путер (доволно мек лесно да се обработува со рака, но не целосно стопен)
  • ½ шолја шеќер во прав
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • прстофат сол
  • 2 шолји сенаменско брашно
  • ½ шолја густ џем (по вкус по желба и по можност со овошни парчиња).

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160°C. Решетката нека биде точно на средината. Обложете го тавчето со хартија за печење.

Во миксер со маталките на највисоката брзина изматете го путерот и шеќерот во прав, додека не станат кремасти, околу 2-3 минути.

Додаете ја ванилата и солта.

Намалете ја брзината на матење на средно ниво и додадете го полека брашното додека добро не се измеша целата смеса.

Формирајте топка, замотајте ја во проѕирна фолија и оставете ја во фрижидерот да се излади од 30-60 минути.

Направете мали топчиња од смесата. Поставете ги во тавчето и врз секое топче притиснете нежно со палецот за да направите мала дупка (но, не премногу длабока).

Наполнете ги колачињата со џем по ваш избор. Печете околу 20 минути, или додека не заруменат.

Оставете ги добро да се оладат и посипете шеќер во прав врз колачињата.

Moderna-verzija-na-domasnite-babini-vanilici-so-dzem-02.jpg

Корисни совети:

- Не грижете се доколку тестото не ви изгледа слатко како останатите од ваков тип. Овошниот џем и шеќерот во прав се главните виновници за слаткиот вкус на колачињата.

- Особено важно е да користите квалитетен густ џем, бидејќи оние потечните може да се разлеат од колачињата за време на печењето.

- Овие колачиња треба буквално да се топат во устата, што значи дека не треба да ги печете додека не станат кафеави. Но, доколку сепак сакате малку повеќе да крцкаат, печете ги едно ниво погоре во рерната.

Moderna-verzija-na-domasnite-babini-vanilici-so-dzem-03.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg