Вкусно Трилече, по оригинален рецепт од Костарика

Националните јадења претставуваат една многу важна компонента на културата и традицијата на една земја.

vkusno-trilece-po-originalen-recept-od-kostarika-1.jpg

Ќе се согласите дека ниедно патување не би било комплетно, доколку не вкусите некој од локалните специјалитети.

Понекогаш неверојатно вкусни, понекогаш чудни и необични за нас, но сепак, овие специјалитети го одразуваат идентитетот и духот на народот.

Ова е еден токму таков специјалитет кој потекнува од Костарика.

Состојки

За тесто:

  • 1 ½  чаша брашно
  • 1 чаша шеќер
  • ½ чаша млеко
  • 4 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажички цимет
  • ½ лажица сол

За прелив:

  • 250 g млеко
  • 100 g млеко во прав
  • 400 g кондензирано млеко
  • 1 ¼ чаша млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Измешајте го брашното со прашокот за пециво, солта и циметот. 

Измешајте ги жолчките со 4 лажици шеќер. А, во посебен сад направете пена од белките и додадете го преостанатиот шеќер. Мешајќи, додадете го брашното, жолчките и млекото.

Печете го тестото околу 40 минути.

Измешајте ги сите состојки за преливот и прелијте ја тортата. Декорирајте по желба.

vkusno-trilece-po-originalen-recept-od-kostarika-2.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg