Рецепт на денот: Домашно, кремасто пилешко во кари сос

Колку и да не сте љубители на зачини, карито има некој посебен шмек кој одлично оди со пилешко бело месо.

recept-na-denot-domasno-kremasto-pilesko-vo-kari-sos-1.jpg

Ако сте за еден вкусен ручек како од ресторан, подгответе го следниов рецепт:

Потребни состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо
  • 1 лажица растопен путер
  • Сол бибер

За сосот:

  • 2 лажици путер
  • 1 мал кромид
  • 1 ½ лажица брашно
  • 2 лажици кари
  • ¼ l пилешка супа
  • 4 лажици полномасна павлака
  • Сол и бибер
  • 1 лажичка сенф (по вкус)

Подготовка:

Пилешките гради испржете ги на путер, премачкани со сол и бибер или уште некој зачин по желба.

За сосот растопете го путерот на средна температура, во поголем сад. Додајте го кромидот и пржете додека не омекне. Додадете го брашното и карито. Постепено мешајте и додавајте ја пилешката супа. На крај додадете ја и павлаката и сенфот. Варете и мешајте додека сосот не се згусне. Зачинете и посолете.

Пилешките стекови може да ги послужите со крцкав компир и да ги прелиете со сосот од кари.

recept-na-denot-domasno-kremasto-pilesko-vo-kari-sos-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg