Рецепт за најкремастиот чоколаден пудинг кој сте го пробале

Неверојатно кремаст, богат и полн со чоколадо – овој пудинг е сè она што ви треба после напорниот работен ден.

najkremastiot-cokoladen-puding-koj-ste-go-probale-1.jpg

Дури и да не сте голем љубител на благите работи ова е нешто кое навистина морате да го пробате...

Состојки

  • 1 1/2 чаша слатка павлака
  • 1/2 чаша млеко
  • 150 g темно чоколадо (60 или 70% какао), сечкано
  • 4 жолчки од јајце
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • малку сол
  • топла вода
  • шлаг за декорација

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 150 °C. Овој крем се препорачува да се пече во огноотпорен сад.

На среден оган загрејте ги млекото и слатката павлака, така што ќе ги тргнете пред да почнат да вријат.

Со постојано мешање додавајте го чоколадото и мешајте додека не се стопи.

Во поголем сад изматете ги жолчките, шеќерот, ванилата и солта. Со постојано мешање додавајте ја смесата со чоколадо.

Смесата претурете ја во подмачкан калап за печење кој ќе го ставите во поголем сад наполнет до половина со вода. Прекријте со алуминиумска фолија и печете 30 минути.

Кога кремот ќе биде готов би требало во средината уште да е течен.

Оставете да се излади околу еден час и послужете со декорација од шлаг или шеќер во прав.

najkremastiot-cokoladen-puding-koj-ste-go-probale-3.jpeg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg