5 рецепти за солени, сочни врапови

Тортиљата во комбинација со сочно полнење е најдобриот појадок, ручек или вечера кој може да си го подготвите. Дури оди и за мезе, со било каков пијалак.

5-recepti-za-soleni-socni-vrapovi-01.jpg

Бидејќи враповите се лесни за правење, може да ги свиткаат и почетници, тортиљите се лесно достапни и евтини, ви предлагаме 5 рецепти кои може да ги испробате следен пат кога нема да знаете што да подготвите на брзина.

Врап со крем сирење, зачини и домат

Комбинирајте 180g крем сирење, рикота или некое друго меко сирење со 50g слатка павлака. Направете еднолична кремаста смеса и додадете лук во прав и копар. Намачкајте ја тортиљата и наредете врз кремот парчиња домат. Може да ставите и кромид по желба.

5-recepti-za-soleni-socni-vrapovi-1_copy.jpg

Пилешки врап

Испржете еден стек исечкан на ситни парчиња, а при крај додадете зеленчуци по желба во тавчето. Намачкајте ја тортиљата со павлака, ставете од пилешкото и зеленчукот, посолете, зачинете, ставете малку балсамико по вкус и замотајте.

5-recepti-za-soleni-socni-vrapovi-2.jpg

Авокадо врап

Исечкајте ситно 100g авокадо, домати, зелени пиперки и малку кромид. На тортиљата ставете лист марула, проросете сирење или намачкајте крем сирење, па ставете го зеленчукот.

5-recepti-za-soleni-socni-vrapovi-3.jpg

Врап со туна и маслинки

Исечкајте 50-80g црни маслинки, исечкајте и малку кромид и отворете една туна. Врз тортиљата ставете лист марула, наредете туна, па додадете го кромидот и маслинките врз неа. Замотајте и послужете со малку цеден лимон одозгора.

5-recepti-za-soleni-socni-vrapovi-4.jpg

Врап со бело месо и цезар сос

Испржете едно парче стек на мали парчиња. Цезар сосот подгответе го од 100ml густ јогурт, малку рендан лук, ½ лажичка сенф и 1-2 лажички сок од лимон. Додадете сол по вкус. На тортиљата наредете тенки парчиња краставица и марула, проросете пармезан, додадете го месото, па на крајот прелијте со сосот. Замотајте.

5-recepti-za-soleni-socni-vrapovi-5.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg