Десерт на брзина: Колаче од кокос и ореви
Лесните и кремасти колачи и торти се десерти кои луѓето секогаш ги претпочитаат како одличен завршеток на вкусниот ручек.
Овој колач е збогатен со ореви и кокос кои му даваат посебен вкус на кој долго ќе се сеќавате.
Состојки:
Пандишан:
- 6 белки,
- 6 лажици шеќер
- 100 g кокос
- 100 g мелени ореви
- 1 прашок за печиво
Фил:
- 6 жолчки јајце
- 6 лажици шеќер
- 2 реда чоколадо за готвење
- 200 g путер
- 200 ml слатка павлака
- 2-3 ќесички шлаг пена
Начин на подготовка:
Изматете ги белките со шеќерот, па додадете го кокосот, мелените ореви и прашокот за печиво.
Измешајте со лажица, ставете ја смесата во плех и печете 10-15 минути на 190 °C.
За да го подготвите филот, ставете ги во сад жолчките и шеќерот и варете ги на пареа додека не добиете густа смеса.
Додадете го чоколадото и мешајте додека тоа не се растопи, па тргнете го садот да се излади.
Во изладениот фил додадете го омекнатиот путер и мешајте со миксер. На крајот додадете ја изматената слатка павлака и измешајте со лажица.
Ставете го пандишпанот, па филот, а најгоре нанесете ја шлаг пената. Проросете какао за декорација.
М. С. | Црнобело