Оригинален рецепт за најчоколадната торта - „Прага“ торта
Прашката торта е еден од највкусните десерти воопшто и ако за момент помисливте дека потекнува од Прага, воопшто не сте во право.
Изумителот на овој десерт е Владимир Гуралник, а името го добила според ресторанот „Прага“ каде тој работи.
Зошто оваа торта е толку вкусна? Па ако ви кажеме дека имате чоколаден пандишпан и чоколаден фил, веројатно веќе сè ви е јасно...
Состојки:
За пандишпан:
- 3 јајца
- 1 чаша шеќер
- 250 ml млеко
- 1 чаша хопла
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1,5 чаша брашно
- 2 лажици какао во прав
За глазура:
- 50 g путер
- 4 лажички шеќер
- 3 лажички млеко
- 1 лажичка какао во прав
За фил:
- 200 g путер
- 250 ml млеко
- 1 лажичка какао во прав
Начин на подготовка:
За да го подготвите филот измешајте го путерот и млекото, па додадете го какаото и повторно убаво измешајте.
За глазурата измешајте ги путерот, шеќерот, млекото и какаото. Варете ги на ниска температура се додека смесата не се згусне, со повремено мешање.
За подготовка на пандишпанот изматете ги јајцата и шеќерот, додадете го млекото, сода бикарбоната и хоплата, и убаво измешајте. На крајот додадете ги брашното и какаото и мешајте додека состојките убаво се соединат.
На подмачкана тава поставете хартија за печење и истурете го пандишпанот. Печете на температура од 180 °С.
Откако пандишпанот ќе се испече оставете го да се излади а потоа исечете го на три еднакви делови. На два од нив нанесете од филот, а на најгорниот премачкајте со глазурата.
М. С. | Црнобело