Рај за непцата: Чоколадни палачинки полнети со карамела
Палачинките се еден од омилените десерти не само на децата туку и на возрасните.
За тие да бидат уште повкусни овој пат ви нудиме рецепт за чоколадни палачинки со вкусен карамел сос.
Рај за непцата и сите останати сетила!
Состојки:
- 2 јајца
- 1 чаша какао во прав
- 3 ½ лажици путер, на собна температура
- 3 лажици млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
- ¼ чаша брашно
- малку сол
- 1 лажичка масло
Начин на подготовка:
Во сад изматете ги јајцата и додадете го какаото. Потоа додадете ги путерот, млекото, ванилата и убаво измешајте. На крајот додадете ги брашното и солта и мешајте додека не добиете хомогена смеса без грутчиња.
Загрејте ја тавата за палачинки, намачкајте ја со масло и ставете доволно смеса за да се прекрие целиот долен дел на тавата.
Додека палачинката е сè уште топла премачкајте ја со карамел сос и сервирајте со декорација по желба.
За полнење - карамел сос:
Состојки
- 1 шолја шеќер
- ¼ шолја вода
- ¾ хопла
- 3 ½ лажици путер
- малку морска сол
Во длабока тава ставете ги шеќерот и водата, и варете на среден оган се додека шеќерот не се растопи. Зголемете ја температурата додека растопениот шеќер не зоврие.
Кога сирупот ќе добие златна боја тргнете го од оган и внимателно додавајте ја хоплата со постојано мешање. На крај додадете ги солта и путерот. Ставете ја карамелата во тегла и оставете ја теглата отворена додека сосот не се олади. Потоа може да ги мачкате палачинките.
М. С. | Црнобело