Рецепт кој мора да го пробате: Чизкејк со карамела
Можете ли да замислите какво неверојатно слатко задоволство би можело да се добие доколку се спојат состојки како карамела и чизкејк?
Ако и вие сте дел од луѓето за кои чизкејкот е еден од омилените десерти, тогаш ова е нешто кое навистина морате да го пробате.
Иако постапката изгледа малку сложена верувајте дека трудот целосно ќе ви се исплати...
Состојки
За подлогата:
- 200 g бисквити
- 5 лажици путер
- 2 лажици кафеав шеќер
За кремот:
- 250 g маскарпоне сирење
- 150 g шеќер
- 2 лажици путер
- 5 јајца
- 1 лажица екстракт од ванила
Прелив од карамел:
- 300 g шеќер
- 4 лажици вода
- 1 лажичка сок од лимон
- 1 чаша слатка павлака
Начин на подготовка:
Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер и шеќерот. Добиената смеса ставете ја во калап за печење и печете 14 минути во претходно загреана рерна на 180 °C.
Маскарпоне сирењето измешајте со шеќерот за да добиете кремаста структура, а потоа додадете ги путерот и јајцата, но едно по едно. Потоа и ванилата.
Оваа смеса додајте ја врз веќе испечената подлога. Калапот во кој се наоѓа колачот ставете го во поголем сад за печење наполнет со вода. Вратете го во рерна и печете 1 час. Кога чизкејкот ќе биде готов ставете го во фрижидер, најдобро да отстои преку ноќ.
За преливот од карамела најнапред измешајте ги шеќерот, водата и сокот од лимон и ставете ги на умерен оган. Без да мешате, оставете шеќерот да се растопи, само нежно протресувајќи го тенџерето. Кога шеќерот ќе добие златна боја, намалете ја температурата и додајте ја слатката павлака.
Варете 8 минути или додека не добиете густа смеса. Тргнете ја од оган и оставете малку да се излади, но сепак карамелата да остане течна. Попрскајте ја тортата со карамел и оставете да се излади најмалку 2 часа. Потоа потоа послужете.
М. С. | Црнобело