Брза торта со крем банани за секоја пригода
Ги знаете оние рецепти кои се совршени, ама баш за секоја прилика? Ова е еден од нив.
Без оглед дали сакате да ги изненадите вашите домашни со вкусен десерт после ручекот или сакате да наравите торта по повод нечиј роденден, оваа торта со крем банани е нешто кое навистина ќе остане запаметено.
Постапката е неверојатно лесна и едноставна, нема потреба од печење, а резултатот е кремаста и вкусна торта која сите ќе ја обожаваат.
Потребни состојки:
- 300 g бисквити
- 2 пудинзи од ванила
- 8 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер (се става во пудингот)
- 1 лажица густин (се става во пудингот)
- 1 l млеко
- 125 g маргарин
- 100 g мелени бисквити
- 100 g чоколадо
- 6 крем банани
- сок за натопување на бисквитите (може и цеден портокал)
Подготовка:
Пудинзите од ванила сварете ги заедно со ванилиниот шеќер и густинот во 1 литар млеко. Откако ќе се разладат, изматете ги заедно со маргаринот.
Поделете на 3 еднакви дела. Во едниот додадете ја мелената плазма, во вториот додадете рендано чоколадо, во третиот ставете ги иситнетите крем банани.
Во калап редете слој бисквити натопени во сокот кој го одбравте, па ставете го пудингот со плазма.
Наредете втор слој бисквити натопени во сок, па ставете го пудингот со крем банани.
Врз третиот слој бисквити натопени во сок ставете го пудингот со рендано чоколадо.
Оладете неколку часа и сечете парчиња кои ќе ги декорирате по желба.
М. С. | Црнобело