Маринада со која секое месо ќе биде повкусно
Тајната за вкусно и сочно месо според најдобрите готвачи на светот се крие во маринадата за месото.
Маринирањето на месото е начин со кој тоа се остава да отстои во посебна смеса, добивајќи посебен вкус и впивајќи ги зачините кои сте ги додале.
Следната маринада е одлична за секаков вид месо, се прави навистина едноставно, а вкусот е одличен.
Потребни состојки:
- 500 g месо
- 2 јајца
- 1 лажица сенф
- 1 лажичка густин
- 1 лажичка сол
- зачини по вкус (црн бибер, црвен пипер, вегета ...)
- 2 лажички сусам
Подготовка:
Подгответе маринада така што ќе ги измешате јајцата, густинот, сенфот и солта. Додадете ги омилените зачини и наредете го месото во садот со маринадата, исечено на парчиња.
Убаво измешајте и оставете го фрижидер преку ноќ.
Тајната на маринирањето е што на ваков начин месото можете да го чувате и неколку дена. На крајот ви останува само да го исечете кога ќе ви биде потребно.
Во тава, на врело масло, испржете го месото, посипувајќи сусам од двете страни.
Како гарнир, со ваквото месо можете да послужите динстан зеленчук.
М. С. | Црнобело