Вкусен појадок кој го „лечи“ телото по претерувањето со сарми и руска
По новогодишното уживање во масната, слатка и калорична храна, би било убаво ако на телото му подарите поздрав појадок.
Чинија овесна каша е идеален почеток на денот. Не само што има низок процент на масти, а висок процент на влакна кои го поттикнуваат варењето, туку е богата и со хранливи материи кои го намалуваат лошиот холестерол во крвта.
Засладете со парчиња овошје - и имате одличен лек за телото и желудникот, откако претеравте со сармите и руската.
За рецептот потребни ви се:
- 80g овесни снегулки
- 150ml вода
- Малку сол
- ½ банана
- ½ круша
Подготовка:
Загрејте ја водата и пред да зоврие ставете ги овесните снегулки. Загревајте со постојано мешање, околу 1-2 минути, додека не омекнат и не станат кремасти.
Додајте малку сол, промешајте и тргнете од оган. Додадете ги парчињата банана и круша. По желба ставете и малку цимет во прав.
М. Д. | Црнобело