Се топат во уста: Полнети кисели краставички во сланина

Во сезоната на туршии, руски салати и разноразни зимници овој интересен рецепт претставува комбинација која навидум изгледа чудна.

Kiseli-krastavicki-vo-slanina-idealen-zimski-recept-01

Сигурно до сега не ви текнало дека киселите краставички може да се потпечат во рерна.

Овој рецепт ќе ви покаже како да го направите токму тоа.

Погледнете го видеото, следете ги чекорите и изненадете ги најблиските со нешто сосема ново и поинакво.

Потребни состојки:

  • 12 кисели краставички
  • 250 g крем сирење, омекнато
  • 1 ½ чаша чедар, рендан
  • 1 чешне лук
  • 12 ленти сланина

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220ºС.

Киселите краставички исечете ги на пола и извадете го средишниот дел од секоја половина.

Во сад измешајте ги крем сирењето, чедарот и лукот.

Наполнете го празниот дел од секоја краставичка и обвиткајте ја со сланина.

Печете околу 15 минути или додека сланината не стане крцкава.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg