Рецепт за лажна баклава, готова за 30 минути
Кога сакате баклава, прво ќе помислите на целото време кое треба да го вложите, трудот и материјалот кој ви е потребен, па големи се шансите да се откажете од идејата.
Ако и вие спаѓате во групата на луѓе кои сакаат нешто брзо и вкусно, ви предлагаме колач кој се прави за 30 минути, а има многу сличен вкус со традиционалната баклава.
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 2 шолји од по 2dcl шеќер
- 1 шолја масло
- 1 шолја млеко
- 1 шолја гриз
- 1 шолја брашно
- 2 шолји мелени ореви
За прелив:
- 0,5l вода
- 2 шолји шеќер
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете пена, па додадете ги останатите состојки. Добро промешајте да нема грутки. Префрлете го тестото во тепсија и печете 20-30 минути.
Жешкиот колач прелијте го со шербет кој ќе го направите од водата и шеќерот.
Послужете со рендани мелени ореви и по вкус украсете со половинки ореви.
М. Д. | Црнобело