Рецепт на денот: Двојно печени компири

Независно дали сакате да ги изненадите новите соседи или сакате да подготвите нешто вкусно за вашиот сопруг, печените компири се секогаш вистинскиот избор.

dvojno-peceni-kompiri-za-dvojno-pogolemo-zadovolstvo-01.jpg

Одлично изгледаат, имаат уште подобар вкус од обично потпечените компири и што е најважно, се подготвуваат многу лесно и брзо.

Состојки:

  • 4 големи компири
  • 3 лажици путер
  • 1-2 лажици кромид во прав
  • сол и бибер, по вкус
  • 1/2 чаша рендан кашкавал чедар
  • 1/2 чаша павлака или млеко
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица путер, стопен
  • 1 лажиче црвен пипер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната и на плех ставете хартија за печење. Измачкајте ги компирите со масло и ставете ги на хартијата. Печете околу 1 час или додека компирите не омекнат. Оставете ги да се оладат 10 минути.

Потоа, следете ги следниве чекори:

1. Исечете 1/3 од секој компир по должина.

dvojno-seceni-kompiri-za-dvojno-pogolemo-zadovolstvo-02.gif


2.
Извадете го средишниот дел од секое парче без да ги уништите страничните делови.

dvojno-peceni-kompiri-za-dvojno-pogolemo-zadovolstvo-03.gif


3.
Извадениот дел од компирите измешајте го со путер и кромидот  во прав, зачинете го со сол, бибер, црвен пипер и чедар и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете ги жолчката и павлаката и убаво измешајте.

dvojno-peceni-kompiri-za-dvojno-pogolemo-zadovolstvo-04.gif


4.
Ставете од смесата во издлабениот дел и убаво обликувајте го со виљушка. Намачкајте одозгора со стопен путер и наросете црвен пипер.

dvojno-peceni-kompiri-za-dvojno-pogolemo-zadovolstvo-05.gif


5.
Печете 20-30 минути или додека не добијат златно кафеава боја.

dvojno-peceni-kompiri-za-dvojno-pogolemo-zadovolstvo-06.gif


Видео од целосниот рецепт:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg