Домашни мандарина коцки

Сезоната на мандарини и портокали веќе е во тек и нивниот мирис и вкус го чувствуваме насекаде.

domasni-mandarina-kocki-1.jpg

Овој сезонски рецепт е идеален за оние кои го сакаат цитрусното, освежително овошје и сакаат да го консумираат во облик на колаче.

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 150g шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 150g брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • Компот или свежи мандарини
  • 2 пудинзи со вкус на ванила
  • ½ l сок од портокал
  • ½ l слатка павлака

Подготовка:

За бисквитот, одвојте ги белките од жолчките. Изматете снег од белките. Жолчките добро изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Брашното измешајте го со прашокот за печење и додадете го во жолчките. Постепено додавајте го снегот од белки во смесата.

Тестото ставете го во среден калап и печете го бисквитот 15 минути. Оставете да се олади.

Ако користите мандарини од компот, исцедете ги и одвојте ½ литар од сокот.

Ако користите свежи мандарини, исцедете неколку за да добиете ½ литар сок.

Потоа на една од двете опции додадете и го ½ литар сокот од потокал.

Одвојте мандарини за украс, а останатите наредете ги по оладениот бисквит.

Сокот зовријте го и во него сварете го пудингот од ванила. Нека се олади.

Изматете ја слатката павлака во шлаг и почнете да редите слоеви.

domasni-mandarina-kocki-2.jpg

Врз кексот ставете слој пудинг, па шлаг. Слободно може да си играте со распоредот на слоевите.

domasni-mandarina-kocki-4_copy.jpg

Украсете по желба.

domasni-mandarina-kocki-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg