Подгответе се за зима: Мешана, кисела салата во тегла
Киселите зимници се одличен начин за внесување на витамини за време на зимскиот период кога не секогаш можеме да најдеме свежо овошје и зеленчук.
Овој рецепт за мешана салата ќе ви покаже како да комбинирате повеќе видови зеленчук на едно место.
Сепак, воопшто не мора да се ограничувате само на наведените состојки. Додадете сè она кое вам ви се допаѓа, единствено водете сметка вкупната тежина на зеленчукот да соодветствува на количината на течност со која треба да се прелие.
Потребни состојки:
- 3 kg зелка
- 3 kg зелени домати
- 3 kg пиперки
- 2 kg моркови
- 2 kg на малите краставици
- 1 литар оцет
- 15 g шеќер
- 15 g сол
- 1 винобран
Начин на подготовка:
Измијте го и исчистете го убаво целиот зеленчук. Исечкајте го на парчиња и ставете го во еден поголем сад.
Оцетот, солта, шеќерот и винобранот убаво измешајте ги и истурете ги врз сечканиот зеленчук. Убаво измешајте, прекријте го садот со чиста крпа и оставете го зеленчукот да отстои 24 часа, повремено мешајќи.
После 24 часа соберете ја смесата во чисти тегли, притиснете со притискач за зимница, убаво затворете ги и чувајте ги на темно и ладно место.
М. С. | Црнобело