Џем од тиква со вкус на карамела

Тиквата е еден од есенските производи  кој содржи голем број на важни витамини и минерали што ја прави одлична состојка во сечија исхрана.

dzem-od-tikva-so-vkus-na-karamela-1.jpg

Можете да ја консумирате исечена на парченца, во разни колачи или печива, но и во форма на џем.

Ако до сега никогаш не сте се обиделе да направите вкусен џем од тиква следниот рецепт ќе ви каже како да го направите тоа.

Потребни состојки:

  • 1 kg пире од печена тиква
  • 300 g шеќер
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажица ванила или екстракт од ванила

Начин на подготовка:

Измијте ја и исечете ја тиквата и печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 45 – 60 минути, односно додека целосно не омекне.

Извадете ја тиквата и оставете ја да се излади. Откако ќе се излади извадете го месото и ставете го во блендер. Мешајте додека не добиете убава кашеста смеса.

Добиената смеса ставете ја во поголемо тенџере, додадете го сокот од лимон и ванилата и ставете ја на тивок оган да се крчка.

Во друго тенџере ставете го шеќерот и оставете да се стопи на средна температура така што ќе добиете карамелизирана смеса со ќелибарна боја (внимавајте на јачината на огнот за да не ви изгори шеќерот).

Кога шеќерот ќе се стопи и зарумени и додадете го  пирето од тиква во тенџерето со карамел (бидете особено внимателни при оваа постапка бидејќи стоениот карамел ќе прска а препорачливо е да користите лажица со долга рачка или ракавици на рацете).

Кога ќе завршите со додавање на пирето, вратете го тенџерето назад  на оган и варете уште 1-2 минути со постојано мешање.

Соберете го во чисти врели тегли, убаво затворете ги, замотајте ги во некоја ткаенина и оставете да се изладат.

dzem-od-tikva-so-vkus-na-karamela-2.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg