Рецепт на денот: Солена Мимоза торта

Мимоза салатата е нешто без кое не може да се замисли ниту една празнична трпеза.

Mimoza-salatata-e-nest-navistina-vkusno-no-tortata-kje-ve-ostavi-bez-zborovi-01

Но, само затоа што не сте ја пробале Мимоза тортата.

Откако еднаш ќе ја пробате оваа солена торта таа ќе стане дел од многу ваши оброци и семејни прослави.

Потребни состојки:

  • 300 g крекери
  • 400 ml кисела павлака
  • 300 ml мајонез
  • 250 g фета сирење,
  • 250 g шунка,
  • 250 g рендан кашкавал,
  • 5-6 кисели краставички

Подготовка:

Изгмечете го сирењето со виљушка. Додадете го мајонезот во истиот сад. Додадете ја и киселата павлака, па добро промешајте.

Во една огноотпорна тава наредете слој крекери по желба.

Мешавината од сирење, мајонез и павлака поделете ја во 3 садови. Во едниот додадете ја шунката, во другиот кашкавалот, во третиот ситно сечканите краставички.

Редете ред крекери, па еден слој фил. Покријте со втор ред крекери, па додадете го вториот фил.

Филовите може да ги распоредите по желба, редоследот не е важен.

Оставете да се олади и зацврсти неколку часа во фрижидер, па потоа сечете коцки.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
Протеински појадок за енергетски почеток на денот Омлет со неколку видови зеленчук и фета сирење е одличен избор за да го почнете ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg