Есенско задоволство: Погачици во форма на тиква

Ако ви се најавиле гости и сакате навистина да ги изненадите и воодушевите овие интересни погачици во форма на тиква се вистинскиот избор.

Pogacici-vo-forma-na-tikva-01

Тие ќе ве освојат не само со својот вкус, туку и со нивниот изглед кој навистина ќе нарави да се чувствувате како да сте ја внеле есента во домот.

Уште една од работите која ќе ве освои е брзата и лесна подготовка што е навистина важна за секоја современа домаќинка.

Потребни состојки:

  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 чаша млако млеко
  • ¼ чаша шеќер
  • 3 лажици путер, стопен
  • ½ чаша пире од тиква
  • 2 јајца
  • 1 лажичка сол
  • 480 g брашно
  • сечкани индиски ореви за дршка

За намаз:

  • 120g путер
  • ¼ чаша шеќер во прав
  • ¼ чаша мед
  • 1 лажичка цимет

Подготовка:

Во сад измешајте ги млакото, квасецот, путерот, едното јајце, пирето од тиква и убаво измешајте, а потоа почнете полека да додавате брашно додека не добиете мазно тесто.

Оставете го тестото да одмори 5 минути, а потоа месете го уште 5 минути.

Обликувајте го тестото во форма на топка и ставете го го чист сад премачкан со масло да скисне околу 45 минути – 1 час на собна температура.

Откако тестото ќе скисне, измесете го и поделете го на 15 еднакви делови кои ќе ги обликувате во топчиња. Секое топче сплескајте го со дланката и засечете му ги краевите на осум дела (како на фотографијата). Наредете ги добиените погачици на плех за печење, покријте ги со пластична фолија и оставете ги да отстојат уште 45 минути – 1 час на собна температура.

Pogacici-vo-forma-na-tikva-02

Пред да ги печете на секое топче направете му мала вдлабнатина во горниот дел и премачкајте ги погачиците со смесата од јајце и 1 лажичка вода. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 175°C околу 15-20 минути. По печењето во вдлабнатините наредете ги индиските ореви.

Pogacici-vo-forma-na-tikva-03

За да го наравите намазот ставете го путерот во блендер и мешајте околу 30 секунди (или измешајте го со миксер). Додадете го шеќерот во прав, медот и циметот и сè убаво измешајте. Вака подготвениот намаз може да го чувате во фрижидер и до една недела.

Pogacici-vo-forma-na-tikva-04

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg