Зимницата не е целосна без кисели краставички
Есента секогаш се поврзува со три нешта: жолти лисја, тргнување во училиште и подготовка на вкусни зимници кои ќе бидат одличен додаток на храната во текот на зимата.
Корнишоните се неизоставен дел од зимницата на многу семејства и се особено вкусни со својот киселкаст вкус.
Ако оваа година за првпат решивте сами да ја направите оваа зимница, можете да го искористите овој рецепт со кој нема да погрешите.
Состојки:
- 3 kg корнишони
- 3 l вода
- 750 ml бел оцет
- 6 рамни лажици шеќер
- 6 рамни лажици сол
- црн бибер, ловоров лист, копар по желба
Начин на подготовка:
Добро измијте ги корнишоните. Не заборавајте да ги стерилизирате теглите и капаците.
Во големо тенџере ставете ја водата, шеќерот, солта и оцетот. Загрејте ја течноста до вриење, а потоа тргнете ја настрана и оставете да се излади.
Наполнете ги теглите со корнишони, додадете ја подготвената течност и добро затворете ги.
На дното на поголема шерпа ставете кујнска крпа, па наредете ги теглите со корнишони (така што нема да се допираат) и додадете топла вода.
Оставете ги на оган околу 15 минути, а потоа тргнете ги и оставете целосно да се изладат (околу 5-6 часа).
Извадете ги теглите од вода, избришете ги и чувајте ги на некое темно и суво место.
М. С. | Црнобело