5 рецепти од баба за вкусен домашен ликер

Овошните ликери се нешто на кое навистина ретко кој може да одолее.

5-recepti-od-baba-za-vkusen-domasen-liker-001_copy.jpg

Традиционално направени, главно од свежо, но понекогаш и од суво овошје, тие уште одамна биле една од „зимниците“ која жените ја подготвувале.

За да добиете добар ликер, најважно е да имате квалитетно овошје – зрело и сочно. Колку повеќе овошја имате, толку вкусот на ликерот ќе биде поинтензивен.

За почеток, можете да направите некој од следниве рецепти, а во иднина слободно експериментирајте со сè она кое ви се допаѓа...

Јаболка со цимет

Состојки:

  • 1 kg јаболка
  • 5 dl вотка
  • 5 dl коњак
  • 2 dl вода
  • 200 g шеќер
  • стапче цимет
  • 1/2 кора од лимон
  • 2 каранфилчиња

Начин на подготовка:

Исечените јаболка прелијте ги со вотка и коњак и чувајте ги на ладно место 4 недели. Прелијте со изладен шеќеров сируп, па оставете да отстојат уште 4 недели. Процедете го ликерот и додадете ги останатите состојки.

Ликер со банана

Состојки:

  • 1 kg исчистени банани
  • кора и сок од лимон
  • кора од портокал
  • 125 g шеќер во прав
  • 8 dl вотка

За сируп:

  • 1 kg шеќер
  • 1, 25 l вода

Начин на подготовка:

Згмечете ги бананите и прелијте ги со сок од лимон. Додадете шеќер, кора од лимон, кора од портокал, вотка и убаво измешајте. Оставете да отстои 2 недели. Процедете ги бананите, додадете го изладениот шеќерен сируп, па повторно измешајте и процедете.

Ликер од шумско овошје

Состојки:

  • 1 kg шумско овошје
  • 1/2 kg шеќер
  • 1 l ракија

Начин на подготовка:

Добро измијте го и исушете го шумското овошје. Измешајте го со шеќерот и ставете го во тегла. Додадете ракија, затворете и оставете да стои на сонце шест недели. Одвреме-навреме добро протресувајте ја теглата.

Потоа, процедете го ликерот во шише и добро затворете го. Оставете го да отстои уште еден месец.

Ликер од мандарини

Состојки:

  • кора од 20 мандарини
  • 1 l лозова ракија
  • 800 g  шеќер
  • 1 l вода

Начин на подготовка:

Ставете ги корите од мандарини во шише со широк отвор. Додадете ја ракијата и оставете да стои пет недели, така што повремено ќе го протресувате шишето. Направете сируп од водата и шеќерот, оставете да се излади и додадете го во процедената ракија. Претурете го ликерот во шише.

Зачинети крушки

Состојки:

  • 1-3 круши
  • 1 l вотка или бел рум
  • 300 g шеќер
  • 1 стапче цимет
  • неколку каранфилчиња
  • кора од лимон
  • малку морско оревче

Начин на подготовка:

Избоцкајте ги крушите со виљушка и ставете ги во тегла. Додадете шеќер, зачинете ги и прелијте ги до пола со алкохол. Оставете ги на сонце две недели. Додадете го преостанатиот шеќер и алкохол, промешајте и оставете да отстојат уште 6 недели.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg