Полнети лути пиперчиња со кајмак
Според многумина ова е рецепт кој води потекло од Грција, но луѓето низ светот го прифатиле заради неговиот специфичен вкус и спој на состојки.
Ако сте љубители на лута храна, ова може да биде одлично предјадење или додаток на главното јадење.
Потрбни состојки:
- 20 помали црвени и зелени пиперки
- 3 dcl оцет
- 1,5 l вода
- 3 лажици масло
- 30 dkg кајмак (може да го замените со меко сирење или урда)
- 1 лажичка сол
Подготовка:
Исчистете ги пиперките од семето, водејќи сметка да не направите преголема дупка.
Загрејте ја водата со оцетот и солта до точка на вриење. Ставете ги во неа пиперките и оставете ги околу 1 мин во водата.
Извадете ги пиперките и оставете да се исушат. Откако ќе се исушат наполнете ги со кајмак, но само 2/3 бидејќи во спротивно кајмакот ќе ви се излее.
Зовријте солена вода (околу 1 литар), додадете масло и оставете да се излади.
Пиперките наредете ги во стаклен, сув и чист сад по можност со подлабоко дно, така што со отворите ќе бидат свртени една кон друга. Внимателно прелејте ги со солената вода и масло и затворете го садот. Вака подготвени пиперките можете да ги чувате во фрижидер до 30 дена.
Напомена: Најдобро би било да ги наредите пиперките во правоаголен плиток сад, бидејќи така ќе изгледаат најубаво и кајмакот нема да истече.
М. С. | Црнобело