4 рецепти за домашна лутеница

Пиперки, домати, модри патлиџани... Сите овие производи ни се омилени на лето, но нема причина зошто да не го почувствуваме нивниот вкус и кога времето ќе застуди.

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-01.jpg

Токму од таа причина, нашите баби смислиле одлични рецепти со кои можеме да направиме вкусна лутеница како зимница.

Оригиналниот рецепт е лут и токму затоа се нарекува лутеница, но ако не сте фан на лутиот вкус тогаш можете да го правите и со благи пиперки.

Лутеница (Прв рецепт)

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-1.jpg

Потребни состојки:

  • 6kg црвени месни пиперки
  • 4kg домати
  • 1/2l вински оцет
  • 1/2l сончогледово масло
  • 250g шеќер
  • 1 врзувалка магдонос
  • 2 - 3 главици лук

Подготовка:

Пиперките испечете ги, излупете ги и исчистете ги од семките, а потоа исечкајте ги на ситно.

Доматите измелете ги на машина за месо.

Маслото, оцетот и шеќерот оставете ги да провријат, а потоа додадете ги доматите.

Гответе додека доматот не е готов.

Додадете ги сечканите пиперки и уште гответе.

На крај додадете ги магдоносот и лукот.

Зготвената смеса соберете ја во жешки дезинфицирани тегли и чувајте ги за зима.

Македонска лутеница

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-2.jpg

Потребни состојки:

  • 7kg црвени пиперки
  • 5kg домати
  • 1kg лути пиперки
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја вински оцет
  • ½ шолја сончогледово масло

Подготовка:

Испечете ги пиперките, излупете ги и убаво исчистете ги од семките. Оставете течноста од нив добро да се исцеди.

На оган ставете го излупениот домат да се готви околу еден час, додека смесата не стане густа.

Со помош на миксер можете и убаво да ги изблендирате.

Во сосот од домати ставете ги пиперките кои сте ги пресекле на покрупни парчиња, убаво измешајте, додадете го маслото и оставете да се готви еден час.

Потоа додадете ги оцетот и шеќерот и гответе околу 30 до 50 минути.

Пред самиот крај ставете исечкан магдонос.

Врелата лутеница ставајте ја во жешки тегли и преку ноќ оставете ги теглите замотани во материјал, една до друга.

Лутеница со модри патлиџани

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-3.jpg

Потребни состојки:

  • 2kg модар патлиџан
  • 2kg црвени месни пиперки
  • 3 лути феферони
  • 250ml сончогледово масло
  • 60g шеќер
  • 150ml јаболков оцет
  • 4 чешниња лук
  • Сол по желба

Подготовка:

Претходно излупените модри патлиџани ставете ги во врела вода, а потоа добро исцедете ги и наредете ги да се сушат.

Пиперките и лутите феферони добро измијте ги и избришете ги. Печете ги со повремено движење на рерна од 200 степени.

Кога ќе се испечат, ставете ги во стаклен сад и прекријте ги со крпа.

Во широк сад половина од количината масло додадете ги модрите патлиџани и мешајте додека не омекнат.

Пиперките излупете ги и исечкајте ги. Додадете ги на патлиџаните. Потоа додадете ги шеќерот, оцетот, лукот, солта и остатокот од маслото и продолжете да мешате кратко.

На крајот смесата наредете ја во претходно дезинфицирани тегли.

Македонска лутеница (Втор рецепт)

predlog-zimnica-4-recepti-za-domashna-lutenica-4.jpg

Потребни состојки:

  • 4kg модри патлиџани
  • 4kg црвени пиперки
  • 3 - 4 парчиња лути феферони
  • 5 парчиња лук
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици сол
  • 1 лажица Вегета
  • 400ml масло
  • 100ml оцет
  • 1 вреќичка конзерванс

Подготовка:

Излупените и исечкани на ситно модри патлиџани, ставете ги во врела вода и оставете ги кратко време. Потоа добро исцедете ги.

Пиперките добро измијте ги и исперете ги и во сад со алуминиумска фолија покријте ги и печете ги околу 50 минути на 200 степени.

После печењето покријте ги и оставете ги 10 минути да се оладат.

Во широк сад загрејте го маслото и додадете ги подготвените модри патлиџани и мешајте ги на тивко додека не омекнат - околу 30 минути,

Оладените пиперки излупете ги и ситно исечкајте ги на коцки. Додадете ги во патлиџаните.

Додајте ги шеќерот, оцетот, лукот, фефероните, солта и вегетата и гответе околу 40 до 50 минути. Тргнете ги од рерна и додадете го конзервансот.

Полнете ја смесата во стаклени тегли претходно згреани и дезинфицирани.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg