Десерт со мирис на есен: Сочни потпечени јаболка

За овој десерт не ви требаат никакви кулинарски способности, а ќе го воодушевите секој пред кој ќе го послужите.

desert-so-miris-na-esen-socni-potpeceni-jabolka-1.jpg

Рецептот може да го направите во супер крчко тенџере како на видеото или пак во обична тава  и во рерна.

Потребни состојки:

  • Јаболка по желба
  • ½ шолја овесни снегулки
  • ½ шолја кафеав шеќер
  • 3 лажички цимет
  • 1 лажичка каранфилче (по желба)
  • Коцка путер

Состојките може да варираат. Наместо овесни снегулки ставете јаткасти плодови и суво грозје или трошки чоколадо.

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги сувите состојки кои ги одбравте заедно со шеќерот и зачините.

Јаболката измијте ги и издлабете ги со лажица. Наполнете ги со мешавината од чинијата.

На врвот на јаболката ставете коцка путер.

Наредете ги во супер крчко тенџере или во тава, и истурете ¼ шолја вода.

Печете на тивко 3-4 часа.

desert-so-miris-na-esen-socni-potpeceni-jabolka-2_copy.jpg

За детално упатство погледнете го видеото:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум. Лесен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg