Рецепт за почетници: Како да направите кисела зелка?
Зимата не може да почне додека немате кисела зелка во некое буре. Или барем така велат мераклиите на вкусно мезе.
Ако сакате за првпат да поткиселите зелка, а не знаете како да го направите тоа лесно и брзо, ова е рецептот кој ви треба:
Состојки:
- Зелка
- Корен од морков
- Варено цвекло или рен
- Сол
Подготовка:
Зелката оставете ја да отстои 2-3 дена. Исчистете ја од надворешните листови и дел од коренот, па измијте ја. Во извадениот корен ставете сол и редете ги плодовите во буре со коренот нагоре.
Помеѓу целите главици зелка ставајте полукругови и четвртинки корен од морков и варено цвекло или рен.
Притиснете со рацете и прелијте со ладна вода. Покријте со чиста крпа или капак.
Преточете (со црево извлекувајте ја водата и враќајте ја назад во бурето) во почеток двапати неделно, а потоа еднаш неделно додека не се закисели.
Важно: За 50kg зелка потребни се околу 800g сол.
М. Д. | Црнобело