3 благи пити и тартови од кои ќе замириса цела куќа
Есента е совршен период да ја загреете рерната, да ги искористите сезонски овошја и за семејството да подготвите вкусни пити и тартови.
Ако немате идеја што да направите, ние имаме неколку предлози за вас:
Тарт со круши
Потребни состојки:
За тестото:
- 3 1/3 шолји сенаменско брашно
- 2 шолји путер
- 1 лажичка сол
- 1 шолја вода
За пастата од бадеми:
- ½ шолја убаво сомелени бадеми
- 100g шеќер
- 1 јајце
За крушите:
- 4 круши
- 2 лажици сок од лимон
- 3 лажици мед
- ¾ лажичка цимет
Глазура:
- 1 лажица мед
- 1 лажиче шеќер
Подготовка:
Измешајте ја солта во брашното, потоа додадете ги водата и путерот и мешајте додека смесата не се соедини. Може да има мали парчиња путер.
Набрашнете ја масата, поделете го тестото на три дела и секој од деловите месете го. Потоа залепете ги деловите заедно и повторно месете 5 пати. Тестото оставете го да отстои во фрижидер околу еден час.
Направете ја пастата од бадеми. Измиксајте ги бадемите и во нив додадете ги јајцето и шеќерот. Уште еднаш добро миксајте. Пастата е готова.
Крушите пресечете ги на тенки парчиња и нив ставете ги лимонот, медот и циметот.
Извадете го тестото од фрижидерот и од него направете форма на правоаголник, а потоа од него направете 12 помали правоаголници.
Пастата од бадеми поделете ја на 12 делови и полека ставете ја во центарот на секој правоаголник посебно.
Потоа наредете ги и парчињата круши.
Печете на температура од 180, 45 минути додека не забележите дека тестото добива светло кафеава боја.
Ставете ја глазурата од мед и шеќер откако ќе завршите со печење.
Нутела питички
Потребни состојки:
- 250g сенаменско брашно
- 125g путер
- ½ лимон, исцеден
- 2 жолчки од јајца
- 100g шеќер во прав
- 1 лажичка сол
- 180g Нутела
Подготовка:
Со електричен миксер измешајте ги брашното, солта и путерот додека не добиете компактна смеса.
Ставете го тестото во сад и во средината додадете ги шеќерот, жолчките и лимонот. Со лажица мешајте го брашното за да се соединат и останатите состојки, само не претерувајте, не сакате путерот да почне да се топи.
Оставете го малку да се олади во фрижидер, отприлика половина час.
Потоа тестото ставете го во мали калапи, не треба да го искористите целото тесто.
Загрејте ја малку Нутелата не да биде жешка, само малку да се растопи и ставете ја во калапите.
Со остатокот од тестото направете тенки ленти за декорирање на питичките.
Печете на температура од 180 степени околу 25 минути или додека не забележите дека тестото има златно - кафеава боја.
Оставете ги малите питички да се оладат, а потоа послужете ги.
Пита со јаболка
Потребни состојки:
За глазурата:
- 4 зелени јаболка, излупени и пресечени
- ½ лимон
- ¾ кафеав шеќер
- 3 лажици путер
- ¼ шолја бурбон
- 2 лажици џем од јаболка
- ¼ лажичка прашок за печиво
- 1 лажиче ванила
За основата:
- 2 шолји брашно (290g)
- 1 шолја путер (113g)
- 3 лажици студена вода
- 3 лажици вотка
- ¾ лажичка сол
За парченцата:
- 6 лажици стопен путер
- 6 лажици сенаменско брашно
- 6 лажици овес
- 6 лажици кафеав шеќер
Подготовка:
Измешајте ги брашното, путерот, водата, вотката и солта и месете додека состојките не се соединат. Готовото тесто ставете го во фрижидер да отстои 30-ина минути.
За тоа време на пресечените парчиња јаболка ставете малку лимон за да не потемнат.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Извадете го тестото од фрижидер и ставете и ставете го во калап. Отстранете го вишокот тесто.
Кружно наредете ги јаболката.
Загрејте друг сад и во него ставете ги путерот, кафеавиот шеќер, џемот од јаболка, бурбонот, ванилата и прашокот за печиво. Почекајте убаво да се соединат околу две минути и за тоа време не престанувајте да мешате.
Глазурата ставете ја на јаболката.
За крцкавите парченца одозгора измешајте ги путерот, брашното, овесот и кафеавиот шеќер. Парченцата наредете ги како горен слој на питата.
Печете 40 до 50 минути на претходно загрената рерна.
Почекајте да се олади околу 30-ина минути пред да ја послужите.
Н. Г. | Црнобело