Магичен колач кој сите го пробуваат: Печете едно тесто - добивате три слоја

Магичниот колач моментално ги доживува своите 5 минути слава на социјалните мрежи, бидејќи се прави од 5 евтини и едноставни состојки, а се добиваат три слоја.

magicen-kolac-koj-site-go-probuvaat-pecete-edno-testo-dobivate-tri-sloja-1.jpg

Печете само едно тесто а добивате бисквит, лесен крем и густ крем. Како?

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 90 g шеќер
  • 90g стопен путер
  • 90g брашно
  • 375ml млеко
  • 1 лажица вода
  • Малку сол
  • Екстракт од ванила

Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките. Во жолчките додајте лажица вода и шеќер. Добро промешајте со жица, па постепено додавајте го стопениот путер.

Користејќи сито, додајте брашно и мешајте. Во садот ставете ги и екстрактот од ванила и млекото со постојано мешање.

Во друг сад изматете ги белките, па додајте ги во жолчките постепено.

Намачкајте го калапот за печење со путер или маргарин и прелијте ја смесата. Ставете во рерна на 150 степени, околу 50 минути.

Извадете го колачот, исечете триаголници и уживајте во меката магија.

magicen-kolac-koj-site-go-probuvaat-pecete-edno-testo-dobivate-tri-sloja-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колач со вишни, по рецептот на нашите баби Ако носталгијата има мирис и вкус, тогаш сигурно потсетува на колачот со вишни ш...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg