Брза зимница: Сушени домати во маслиново масло
Доколку подготовката на класична зимница ви претставува огромен напор, а сепак сакате да стокмите неколку тегли и да се почувствувате домаќински, ви нудиме лесен рецепт – зачинети сушени домати во маслиново масло.
Доматчињата ќе ви се најдат врз пица, брускети или со тестенини. Совршено одат и во комбинација со фета сирење или моцарела, како и во сендвичи.
Потребни состојки за тегла од 250ml:
- 15-20 шери домати
- 3 чешниња лук
- 1 лажица мајчина душица (или оригано)
- 1 лажица рузмарин
- 3 лажици + дополнителни 200ml маслиново масло
- 1 лажица шеќер
- Малку сол
Подготовка:
1. Измијте ги доматите и пресечете ги на половина.
2. Наместете ги доматите врз хартија за печење во плех со исечената страна нагоре. Попрскајте ги со 3 лажици маслиново масло, додадете шеќер, сол, мајчина душица и рузмарин.
3. Загрејте ја рерната на 100 степени и сушете ги доматите 4-6 часа. Имајте предвид дека времето на сушење и температурата може да варираат во зависност од моќноста на вашата рерна и големината на доматите.
4. Во чиста и стерилизирана тегла истурете 200ml маслиново масло. Додатете уште малку од зачините (оригано, мајчина душица, рузмарин) и лукчињата. Додадете ги сушените домати.
Откако добро ќе се олади, чувајте ја теглата во фрижидерот.
(О)Милена | Црнобело