Предлог ручек: Полнет пилешки стек

Пилешкото со песто е една од комбинациите кои нуди совршен спој на вкусови.

predlog-rucek-polnet-pileski-stek-1.jpg

Ако немате идеја што да подготвите денес за ручек, а го обожавате специфичниот вкус на песто сосот ова е вистинскиот рецепт за вас.

Дополнителна стимулација нека ви биде тоа што се подготвува навистина кратко и неверојатно лесно, па во никој случај не можете да погрешите.

Состојки:

  • 1 филе пилешки гради
  • сол
  • црн пипер
  • 50 g песто
  • 40 g моцарела
  • 40 g пармезан
  • презла
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

1. Засечете го пилешкото филе за тоа да стане поголемо и потенко. Доколку е потребно користете и готварски чекан.

2. Зачинете со сол и црн пипер, па нанесете песто и моцарела и затворете го филето со чепкалки за заби.

3. Во сад измешајте го пармезанот со презлата.

4. Готовото пилешко филе прво извалкајте го со матеното јајце, а потоа со смесата од лебни трошки и пармезан.

5. Печете на температура од 180°C околу 20 минути.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Предлог ручек: Орзо со пилешко и грашок Ако не знаете што да зготвите за ручек, пробајте го овој брз и вкусен рецепт - о...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg