Направете вкусно домашно песто по италијански рецепт

Пестото е традиционален италијански сос кој потекнува од Џенова.

Napravete-vkusno-domasno-pesto-po-italijanski-recept-01

Иако денес постојат голем број на најразлични варијанти на овој вкусен сос, сепак, најпознат е оригиналниот песто сос со босилек – „Pesto alla Genovese“.

Неговата подготовка е навистина лесна и едноставна, а и не одзема многу време, па така отсега можете слободно да го подготвувате сами.

Состојки:

  • 150 g свеж босилек
  • 100 g пињоли
  • 200 ml маслиново масло
  • 50 g пармезан
  • 3 чешниња лук
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Исечете го лукот на мали парченца. Пињолите може да ги пропржите на умерен оган (без масло), додека не добијат златно-кафеава боја и потоа тргнете ги настрана да се изладат. Босилекот исечкајте го на покрупно.

2. Во блендер ставете ги лукот, ладните пињоли и босилекот, а маслиновото масло додадете го на самиот крај.

3. На крај изрендајте пармезан и додадете сол и бибер по желба. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg