Солен рецепт на денот: Пржени лепчиња со стопена моцарела
Сендвичите и тостовите се главно најдобрите идеи за појадок кога немате многу време, а сакате да јадете нешто вкусно и убаво.
Следниот рецепт ќе ви покаже како да направите вкусен пржен сендвич со моцарела и зачини по ваш вкус.
Состојки:
- 4 парчиња леб, без корка
- моцарела
- 2 јајца
- ¼ чаша млеко
- 4 лажици брашно
- масло за пржење
- маслинки, домати, свеж босилек, каперси, сардина (или направете мешавина по ваш избор)
- сос
Начин на подготовка:
1. Ставете 2 парчиња моцарела помеѓу две парчиња леб. Состојките за фил убавo измешајте ги во сад за толчење или во блендер. Ставете од филот и исечете ги сендвичите на триаголници.
2. Ставете го брашното во поголем сад, а во сад настрана измешајте ги жолчките и млекото. Извалкајте ги сендвичите во брашно, а потоа и во смесата од јајца и млеко. Пржете додека не добијат златно кафеава боја.
3. Послужете со вашиот омилен сос.
М. С. | Црнобело