Рецепт за колачињата на Јелена Ѓоковиќ, кои Новак и Стефан ги обожаваат

Исхраната на Новак Ѓоковиќ, неговата сопруга Јелена и синчето Стефан, веќе одамна знаеме дека се базира на органски и здрави производи.

recept-za-kolacinjata-na-jelena-gjokovik-koi-novak-i-stefan-gi-obozavaat-2.jpg

Но, дека здравата исхрана не секогаш мора да е здодевна и еднолична, докажуваат колачињата на Јелена кои моментално целиот свет ги пробува.

Јелена на Инстаграм објасни дека бомбиците никогаш немаат ист вкус затоа што секојпат експериментира и додава поинакви состојки, но едно е секогаш исто - не содржат шеќер и глутен.

Состојки:

  • Путер од бадеми
  • Чоколадни овесни снегулки
  • Овесни снегулки со вкус на кокос
  • Ванила
  • Оризово млеко
  • Мед
  • Обични овесни снегулки
  • Корен од мака во прав (по желба)

Без никакво печење, само помешајте ги состојките, направете топчиња и ставете ги бомбиците во фрижидер да се оладат.

Бомбиците се природно слатки, па нема потреба од шеќер. По желба може да додадете урми, какао прав или сечкани јаткасти плодови.

recept-za-kolacinjata-na-jelena-gjokovik-koi-novak-i-stefan-gi-obozavaat-1.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg