Прсти да излижете: 4 десерти од само 3 состојки
Ако ви се јаде нешто благо и не сакате да поминете часови и часови во кујната, следните 4 рецепти се како измислени за вас.
Истите нема да ви одземат повеќе од 10 минути, а сепак ќе имате вкусен десерт на менито.
Чоколадни пралини со путер од кикирики и манчмалоу
Состојки
- 1 пакетче чоколадни пралини со путер од кикирики
- 1 пакетче манчмалоу
- 15-20 g крекери
Начин на подготовка:
1. Наредете ги чоколадните пралини на долниот дел од сад за печење кој не се лепи.
2. Врз нив наредете ги парчињата манчмалоу.
3. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 175°C.
4. Послужете во комбинација со крекери.
Тартуфи од колачи и крем
Состојки:
- 36 чоколадни Орео колачи (или некои слични)
- 225 g крем сирење, омекнато
- 340 g бело чоколадо, стопено
Начин на подготовка:
1. Сомелете ги или изблендирајте ги колачите, тргајќи настрана 2 лажици од добиената смеса за декорација.
2. Во поголем сад измешајте ги мелените колачи со крем сирењето.
3. Оставете смесата да отстои околу 1 час и обликувајте ја во форма на мали или поголеми топчиња.
4. Потопете го секое топче во бело чоколадо и ставете го на хартија за печење.
5. Декорирајте со трошки од мелените колачи.
Палмиер колачи
Состојки:
- Лиснато тесто
- Шеќер
- Путер, стопен
Начин на подготовка:
1. Намачкајте го лиснатото тесто со путер.
2. Нанесете го шеќерот врз тестото и распоредете го подеднакво по целата површина.
3. Со помош на сукало растегнете го тестото и притиснете го шеќерот во него.
4. Повторете ја постапката и од другата страна на тестото.
5. Свиткајте ги краевите во форма на спирала од двете страни.
6. Завиткајте го и оставете го да отстои 30 минути.
7. Исечете го тестото на парчиња со дебелина од еден сантиметар и наредете ги на хартија за печење оставајќи доволно простор меѓу нив.
8. Печете 15 минути, вртејќи ги од двете страни додека шеќерот не карамелизира и колачињата не станат златно-кафеави.
Трослојно брауни
Состојки:
- Смеса за крекер колачиња
- 16 Орео колачи
- Смеса за брауни колачи
Начин на подготовка:
1. Ставете ја смесата за колачи во сад за печење и рамномерно распоредете ја.
2. Врз неа наредете ги Орео колачите.
3. Истурете ја најгоре смесата за брауни, рамномерно распоредувајќи ја по целата површина.
4. Печете 45-50 минути во загреана рерна на 175°C.
М. С. | Црнобело