Летен десерт за 5 минути: Чоколадни чинии за сладолед кои се јадат
Најубавото освежување во жешките летни денови е секако сладоледот.
Ова видео ќе ви покаже како да направите интересни чоколадни чинии со шарени трошки во кои можете да го послужите сладоледот на сосема нов и поинаков начин.
Вашите гости ќе бидат воодушевени, не само од вкусот туку и од изгледот на вашиот десерт.
Состојки:
- 4 мали балони
- 150 g чоколадо за готвење
- 1 пакување шарени трошки
Начин на подготовка:
1. Надувајте ги балоните до саканата големина.
2. Стопете го чоколадото на пареа и тргнете го од оган. Почекајте малку да се олади и ставете еден од балоните во садот така што ќе го вртите балонот додека не ја добиете саканата големина на чинијата.
3. Во друг сад истурете ги шарените трошки и откако ќе го натопите балонот во чоколадо ставете го во чинијата со шарени трошки.
4. Повторете ја постапката со сите балони и ставете ги во фрижидер најмалку 1 час да се оладат и зацврстат.
5. Извадете ги балоните од фрижидер и внимателно пукнете ги. Во секоја чинија од чоколадо додадете неколку топки сладолед и прелејте со чоколадо.
М. С. | Црнобело