Ручек за кој нема да извалкате ни еден сад: Лосос на 4 начини
Лососот е храна која нутриционистите ја препорачуваат како особено корисна бидејќи содржи огромна количина на омега-3 масни киселини.
Токму затоа ние ви нудиме 4 рецепти како да подготвите лосос на хартија за печење и да добиете вкусен ручек без да имате еден тон садови за миење.
1. Лосос со песто сос
Состојки:
- 80 g боранија
- маслиново масло
- сол и црн пипер
- 170 g лосос
- 2 лажици песто
- 10 шери домати
Начин на подготовка:
1. На хартијата за печење ставете ја боранијата. Испрскајте со маслиново масло и додадете сол и црн пипер.
2. Ставете го лососот врз боранијата и додадете 2 лажици песто.
3. Наредете ги одозгора шери доматите, пресечени на половини и преклопете со хартијата за печење.
4. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 180°C.
2. Лосос со теријаки сос
Состојки:
- моркови, сечкани на парчиња
- брокула
- маслиново масло
- сол и црн пипер
- 170 g лосос
- 2 лажици теријаки сос
Начин на подготовка:
1. На хартијата за печење ставете ги морковите и брокулата. Испрскајте со маслиново масло и додадете сол и црн пипер.
2. Ставете го лососот врз зеленчукот и додадете теријаки сос.
3. Убаво завиткајте ја хартијата за печење од сите страни.
4. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 180°C.
3. Лосос со лимон и аспарагус
Состојки:
- 200 g аспарагус
- маслиново масло
- сол и црн пипер
- 170 g лосос
- 3 круга кромид
- 2 парчиња лимон
- 1 гранче копар
Начин на подготовка:
1. На хартијата за печење ставете го аспарагусот. Испрскајте со маслиново масло и додадете сол и црн пипер.
2. Ставете го лососот врз аспарагусот и додадете масло, сол и црн пипер.
3. Наредете ги одозгора кромидот, лимонот и копарот и преклопете со хартијата за печење.
4. Печете 20 минути во претходно загреана рерна на 180°C.
4. Лосос со лук и путер
Состојки:
- 1 компир, исечен на кругови
- сол и црн пипер
- 170 g лосос
- 3 лажици путер, стопен
- 1 чешне лук
- 2 лажици свеж магдонос, исечкан
Начин на подготовка:
1. Во сад измешајте ги путерот, лукот и магдоносот.
2. На хартијата за печење ставете ги круговите компир и попрскајте ги со смесата од путер и лук. Додадете сол и црн пипер.
3. Ставете го лососот врз компирите и додадете ја останатата смеса со лук и путер. Додадете сол и црн пипер.
4. Преклопете со хартијата за печете 30 минути во претходно загреана рерна на 180°C.
М. С. | Црнобело