Летни рецепти: Обичната краставица послужена на 3 нови начини
Зеленчукот е една од најважните компоненти во сечија храна. Тој е извор на витамини и минерали кои му помагаат на организмот правилно да функционира.
Зеленчукот е исто така одличен избор на храна кога времето надвор е премногу топло, а на организмот му е потребна храна која содржи големи количини на вода.
Токму затоа, ние ви нудиме три едноставни рецепти за тоа како да подготвите вкусни оброци со помош на краставица.
Ролнички од фета и краставица
Состојки:
- 2 краставици
- 120 g фета сирење
- 4 лажици павлака
- 50 g маслинки
- 1/2 пиперка
- 1 лажица свеж копар
- 2 лажици сок од лимон
- црн пипер
Начин на подготовка:
1. Испечете ја пиперката, излупете ја и исечкајте ја на ситни парченца.
2. Искршете го фета сирењето и во него додадете ги павлаката, пиперката, исечканите маслинки и копарот. Додадете го и сокот од лимон и наросете црн пипер. Убаво измешајте.
3. Краставиците исечете ги на тенки парчиња по целата должина. Нанесете од филот и завиткајте во ролна. На крајот зацврстете ја ролната со чепкалка за заби.
Лесна салата од краставица и коријандер
Состојки:
- 3 краставици
- 1 китка коријандер
- 1 чили пиперка
- ѓумбир
- сусам
- 1 лимета
- 1 лажица масло од сусам
- 3 лажици маслиново масло
- 3 лажици соја сос
Начин на подготовка:
1. Во чинијата во која ќе ја послужите салатата, изрендајте го коренот од ѓумбир и кората од лимета. Додадете го сокот од лимета, маслото од сусам, маслиновото масло и соја сосот и убаво измешајте.
2. Листовите коријандер, чилито и сусамот лесно пропржете ги.
3. Исечете ја краставицата по должина на тенки ленти и додадете ја во садот. Врз неа ставете ја смесата од коријандер, сусам и чили.
Мини сендвичи
Состојки:
- конзерва риба
- 1 краставица
- леб
- маслинки
- мајонез
Начин на подготовка:
1. Исечете го лебот со помош на калап или со нож на квадрати.
2. Маслото во кое стоела рибата измешајте го со ситно исечканата краставица и маслинки. Додадете го и мајонезот и убаво измешајте.
3. Преостанатата краставица исечете ја на кругови и нанесете по еден круг врз секое парче леб. Врз кругот краставица нанесете од смесата и декорирајте со парче маслинка, магдонос, копар...
М. С. | Црнобело