Сочно, едноставно: Крцкави лепчиња со топено сирење
Ако сте љубител на сочно топено сирење, тогаш овој рецепт е едноставно совршен за вас. Секако и ако се чувствувате како „антиталент“ во кујната, бидејќи е еден од наједноставните рецепти кои некогаш ќе ги сретнете.
Токму така, сочно, вкусно, едноставно, брзо...
Што повеќе ви треба за да ве убедиме денес да го пробате?
Потребни состојки:
- 6 мини бриоши
- 6 парчиња салама
- Моцарела по желба
- 600ml бешамел
Подготовка:
Ги сечете 6-те бриоши на два дела.
На нив, мачкате путер.
Во подлабок сад, наредете по 6 парчиња од бриошите и на нив наредете по едно парче салама по желба. Ставете моцарела по желба. Сега наредете ги и останатите 6 парчиња бриоши.
Одозгора потопете ги во бешамел сосот. За крај, додадете уште малку моцарела.
Печете на претходно загреана рерна додека не забележите златно-жолта боја.
На здравје!
Н. Г. | Црнобело