Совршена овошна салата во 9 чекори

Овошната салата е најлесниот десерт кој некогаш ќе го подготвите, а никогаш не можете да го погрешите.

sovrsena-ovosna-salata-vo-9-cekori-01.jpg

Сепак, како и за секој рецепт, така и за овој постојат трикови кои ќе ве направат професионалец.

Потребно е да запаметите 9 чекори:

1.Бирајте сезонско овошје

Не мешајте свежо сезонско овошје со замрзнато или конзервирано. Така го уништувате шмекот на свежите плодови.

sovrsena-ovosna-salata-vo-9-cekori-02.jpg

2.Ист степен на зрелост

Салатата е повкусна кога сите овошја се подеднакво тврди или меки.

3.Различни бои и текстури

Важно е салатата да има контраст и во боите и во текстурите. Не правете салата исклучиво од шумски плодови или тропски овошја. Мешајте.

sovrsena-ovosna-salata-vo-9-cekori-03.jpg

4.Отстранете ги сите семки и лушпи

Ништо не го расипува вкусот како семката која залутала.

5.Парчињата нека бидат со иста големина

Прво што треба да научите е токму овој кулинарски трик - без разлика каква салата и да правите, големината на парчињата во неа треба да биде барем приближна.

sovrsena-ovosna-salata-vo-9-cekori-04.jpg

6.Лимон

Неколку капки лимон или лајм можат значително да го подобрат и освежат вкусот.

7.Шеќер

Додавајте само ако е неопходно и водете сметка тоа да го правите само ако во салатата има меки плодови како јагоди и малини. Така многу помалку ќе се забележи, отколку ако го ставите во салата од јаболка и круши, каде што нема никогаш да се растопи.

sovrsena-ovosna-salata-vo-9-cekori-05.jpg

8.Крем

Ниту еден рецепт за овошна салата не е целосен без сладок крем одозгора.

9.Служете во кора од самите овошја кои сте ги исекле

Длабоките чинии и чаши заменете ги со кора од лубеница, диња, портокал...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg