Десерт кој може да го направат и почетници: Колач од банани + омилениот сладолед
Една стара поговорка вели дека ниту еден ручек не е целосен без десерт. Десертот е слаткото задоволство кое го заокружува вкусниот ручек и прави да се чувствувате среќно и исполнето.
Ако сте љубител на бананите тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.
И пред да кажете дека немате доволно време, или дека не се снаоѓате баш најдобро во кујна, погледнете го видеото и сигурни сме дека ќе се премислите.
Едноставноста и леснотијата со која се подготвува овој колач ќе ги натера дури и оние кои сметаат дека немаат никаков талент за готвење, да влезат во кујна и да се обидат да го направат.
Состојки:
- 4-5 излупени банани
- 3 јајца
- 1/2 чаша шеќер
- 1/2 чаша масло
- 1 лажица цимет
- 2 чаши брашно
- 1/2 чаша путер
- 1 чаша кафеав шеќер
- 2-3 банани, исечкани на кругови
- Сладолед од ванила
Начин на подготовка:
1. Во поголем сад изгмечете ги со виљушка излупените банани.
2. Додадете ги јајцата, маслото, шеќерот и циметот и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
3. Додадете го брашното и мешајте додека не исчезнат грутчињата брашно.
4. Во тенџере на тивок оган, стопете го путерот, а потоа додадете го кафеавиот шеќер.
5. Добиената смеса ставете ја на среден оган и гответе додека не почнат да се појавуваат меурчиња.
6. Отстранете го карамелот од оган и истурете го во подмачкана тава за печење.
7. Наредете ги круговите банана врз смесата од карамел и истурете ја претходно подготвената смеса со пасирани банани одозгора.
8. Печете 40-50 минути во претходно загреана рерна на температура од 175°C.
9. Почекајте колачот да се излади и превртете го врз чинија.
10. Пресечете го на коцки и послужете го со топка сладолед од ванила.
М. С. | Црнобело