Од две состојки, готови за 10 минути: Чоколадни коцки кои се топат во уста
Кога ќе помислиме на лесни и едноставни рецепти за десерт, поголемиот дел од нас помислуваат на некои едноставни колачи и торти за кои сепак ви треба барем половина час...
Овие чоколадни коцки од само две состојки ќе му дадат нова смисла на зборот едноставност.
Состојки:
- 285g темно чоколадо
- 165g кремаст путер од кикирики
Начин на подготовка:
1. Стопете го путерот од кикирики во тенџере на тивок оган, постојано мешајќи.
2. Додадете го темното чоколадо и продолжете да мешате додека истото не се стопи и не добиете хомогена смеса.
3. Обложете тава со алуминиумска фолија и ставете ја смесата.
4. Ставете ја тавата во фрижидер и оставете да се излади најмалку 4 часа или цела ноќ.
5. Отстранете ја алуминиумската фолија и исечете на коцки.
М. С. | Црнобело