5 солени рецепти кои се објаснуваат во една реченица

Екстремно кратките и брзи рецепти се специјално создадени за оние прилики кога немате многу време за читање и проучување на сите состојки и постапки во рецептот, ниту пак имате 2 часа слободни за седење во кујна.

5-soleni-recepti-koi-se-objasnuvaat-vo-edna-recenica-001.jpg

Овие 5 солени рецепти се спас во моментите кога треба да прочитате и подготвите нешто брзо и вкусно. Пример, кога ќе ги заборавите гостите кои ви се најавиле 5 дена порано.

5 рецепти во само 1 реченица:

1. Модри патлиџани на скара

Исечете го модриот патлиџан на парчиња од 1-2 сантиметри дебелина, ставете 2-3 кругови обичен домат, пропрскајте со рендан кашкавал, зачинете во вкус и печете околу 7 минути на скара.

5-soleni-recepti-koi-se-objasnuvaat-vo-edna-recenica-1.jpg

2. Риба со лимон

Направете засеци на рибата и ставете по половина круг лимон во засеците, пропрскајте со сол, исцедете уште малку лимон, исечкајте зеленчук по желба, посолете и зачинете, па потоа печете 40 минути на 180 степени.

5-soleni-recepti-koi-se-objasnuvaat-vo-edna-recenica-2.jpg

3. Капрезе салата

Исечете моцарела парчиња, исечете шери домати на половина, додадете ситно сечкан босилек, маслиново масло и балсамико и добро промешајте.

5-soleni-recepti-koi-se-objasnuvaat-vo-edna-recenica-3.jpg

4. Полнети печени тиквички

Исечете една тиквичка со средна големина на половина, ставете тенок слој мелено месо, покријте со домати, рендан кашкавал, маслиново масло, лук во прав (по желба), малку сол и печете 20-25 минути на 180 степени.

5-soleni-recepti-koi-se-objasnuvaat-vo-edna-recenica-4.jpg

5. Вегетаријанска фритата

Измешајте ситно сечкани тиквички, кромид и лук, пиперка, домати, јајца, маслиново масло, сол и зачини по желба, финиширајте со дебел слој рендан кашкавал и ставете во затоплена рерна на 180 степени, 15 минути.

5-soleni-recepti-koi-se-objasnuvaat-vo-edna-recenica-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg