Домашни ванилици со путер од кикирики
Сите го знаеме добропознатиот вкус на домашните ванилици по рецептот на баба – мазни, сочни, совршени колачиња.
Оваа верзија на колачињата вклучува путер од кикирики и гарантирано не сте вкусиле поубави и помеки колачиња.
Се прават многу лесно и ве предизвикуваме да изедете само едно.
Потребни состојки:
За тесто:
- 227g путер од кикирики (кранч)
- 75g путер
- 90g темен кафеав шеќер
- 50g бел шеќер
- 1 јајце
- 150g брашно
- ¼ прашок за пециво
За фил:
- 250g чоколаден крем или мармалад од малини(или кајсии, шипки, рибизли, по желба).
Начин на подготовка:
Се матат двата путера со миксер (со маталките за тесто), со цел смесата да стане мазна и се додаваат белиот и кафеавиот шеќер за да се растопат.
Се додава јајцето, претходно изматено со виљушка, се меша сè заедно и на крајот се додава брашното.
Се замесува тврдо тесто (доколку ви е потребно уште малку брашно, се додава постепено).
Се расукува кора дебела 3-4 мм. и се вадат форми (срциња, кругови околу 2 цм).
Формите се печат на хартија за печење во загреана рерна на 150 степени околу 12-14мин. Ладните колачиња се лепат со чоколаден крем или мармалад, по желба.
(О)Милена | Црнобело