Брз ручек на италијански начин: Потпечени тортелини
Кога мислите дека италијанската паста не може да биде повкусна, додадете сос од домати, моцарела или пармезан и малку месо и потпечете, резултатот ќе ве ве маѓепса.
Тортелините се паста во форма на прстен која потекнува од северниот дел на Италија, односно Болоња и Модена, и ако мислевте дека зборот „тортелини“ потекнува од зборот „торта“ целосно сте биле во право.
Овој рецепт ќе ве натера да ги засакате тортелините и тие да станат чест оброк на вашето мени.
Состојки:
- 2 лажици масло за јадење
- 1 кромид, исечкан
- 3 чешниња лук
- 450g говедско мелено месо
- 125ml црвено вино
- 2 лажици доматно пире
- 30g мелени домати
- малку оригано
- сол, буковец
- 800g тортелини
- моцарела, пармезан
Начин на подготовка:
1. На загреано масло пропржете го кромидот и лукот и додадете го говедското месо.
2. Откако добро ќе се пропржи додадете ја пастата од домати и црвеното вино.
3. Динстајте некое време па додадете ги мелените домати, ориганото, буковецот и сол.
4. Садот за печење намачкајте го со масло и истурете ги претходно сварените тортелини. Врз тортелините истурете ја готовата смеса и убаво измешајте. Посипете со моцарела и пармезан.
5. Покријте го садот со алуминиумска фолија и печете 25 минути на температура од 350 степени. Декорирајте со босилек.
М. С. | Црнобело