17 трикови со кои секогаш ќе имате најубави печива и колачи

Понекогаш сите ние посакуваме да направиме некој прилично едноставен рецепт, но да изгледа доволно невообичаено за да ги изненади сите.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-ku-nata-01.jpg

Па, токму затоа, некогаш е многу подобро да одберете некое лесно тесто за подготовка, а од него да направите некое јадење кое ќе изгледа како букет од рози или копчиња, листови...

Не само што ќе ви биде забавна подготовката, туку и членовите од семејството ќе бидат изненадени од вашата креативност.

Неколку идеи:

1. Рози од тесто

Тенок слој на тесто, исполнет со некакво вкусно полнење како мелено место, зеленчук или кашкавал, само изролајте го и откако ќе го испечете ќе добиете прекрасни рози.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-1.jpg

2. Крушки во лиснато тесто

Излупете ги крушите, пресечете ги на половина и препокријте ги со лиснато тесто.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-2.jpeg

3. Бисквити како копчиња

Изгледот можете да го добиете така што на средина бисквитите ќе ги притиснете со капаче од пластично шише, а на средина ќе направите четири мали дупчиња.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-3.jpg

4. Ѕвезден колач

Потребни ви се две теста, едно на кое ќе ја нанесете смесата од чоколадо и друго со кое ќе го препокриете првото преку сечење на краевите и вртење, како на фотографиите.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-4.jpg

5. Пита која изгледа како хризантема

Направете мали кругови од тесто кои ќе ги наполните со мелено месо и малку кашкавал и завиткајте ги како за кнедли. Редете ги едно до друго во тава за печење.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-5.jpg

6. Зајчиња

Направете топки од тесто, а потоа исечете ги како на фотографијата со ножици и направете две мали дупчиња со чепкалка за очите.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-6.jpg

7. Отворени колачи полени со јаболка

Направете триаголници, пресечете ги како на фотографијата, наполнете ги со смеса од јаболко и навртете ги.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-7.jpg

8. Цветови од камилица полнети со џем

Потребна ќе ви биде модла во форма на цвеќе, а потоа и калап за печење. Цветовите наполнете ги со џем по желба.

17-ednostavni-trikovi-za-remek-dela-vo-kuјnata-8.jpg

Уште 9 идеи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кремаста салата со крцкави компири и сланина Не сте љубител на мајонез и се нервирате кога ќе ве послужат со сочна салата во ...
Летно мезе по грчки рецепт: Фета сирење со прелив од мед и сусам Замислете дека сте покрај море, во таверна, со салата, цацики и фамозното фета с...
Крофни полнети со крем и крцкав карамел, по француски рецепт Вкусни, кремасти и крцкави - ќе ги обожавате овие крофни... Љубител сте на ...
Пролетен појадок за слабеење: Розов чиа пудинг со јагоди, банани и овес Ако и вие сте од оние на кои им се чини дека чиа пудингот не ги заситува доволно...
Рецепт за колач со јаболка и цимет со кој куќата ќе ви замириса на есен Дозволете си куќата да ви замириса на есен со овој вкусен колач од јаболка и цим...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg