3 вкусни десерти за кои не ви треба ниту брашно ниту шеќер
Ако треба да ги поделите луѓето во две категории тогаш на едната страна би имале луѓе кои сакаат десерти а на другата луѓе кои обожаваат десерти.
Но, тука е и главната подкатегорија, луѓе кои се во постојана борба со вишокот килограми.
За да успеете да ги задоволите сите три групи изберете и подгответе некој од овие три рецепти за кои нема да ви треба ниту брашно ниту шеќер и верувајте дека воопшто нема да погрешите.
Бомбици со суво грозје, кора од портокал и мед
Состојки:
- 1 чаша суво грозје
- 1 чаша сечкани ореви
- кора од портокал
- 2 лажици мед
- сусам, кокос или како во прав за декорација
Начин на подготовка:
Исечкајте ги оревите и ставете ги во подлабок сад за да можете подоцна полесно да мешате.
Ставете го сувото грозје во блендер и додадете ги ја изренданата кора од портокал и медот и блендирајте додека на добиете хомогена смеса.
Додадете ја смесата во садот со оревите и убаво измешајте.
Со навлажнети раце земете дел од смесата и обликувајте бомбици кои потоа ќе ги извалкате во сусам, кокос или какао во прав.
Ставете ги во фризжидер околу 2-3 часа за да се стегнат и вашиот десерт е готов.
Овошна салата со јогурт
Состојки:
- 2 банани
- 1 голем портокал
- 1 киви
- 1 јапонско јаболко
- 2 благи јаболка
- 1 чаша јогурт
- 1 лажица сок од лимон
- Неколку свежо нане лисја за декорација
Начина на подготовка:
Измијте го и излупете го овошјето, сечејќи го на парчиња со еднаква големина.
Пред да ги додадете парчињата јаболко, испрскајте ги плодовите со сок од лимон.
Послужете го овошјето ва чаши за сладолед, правејќи колоритен куп и на крај потурете со јогурт и украсете со ливчиња нане.
Вкусни житни плочки
Состојки:
- 200 гр. сечкани семки од сончоглед
- 4 лажици мед
Начин на подготовка:
Најпрво подгответе ја тавата каде ќе се стврднат плочките, така што истата ќе ја обложите со мрсна хартија и ќе ја премачкате со масло за готвење.
Ставете го медот во сад на оган и мешајте додека не почне да карамелизира, а потоа додадете го сечканиот сончоглед и со мешање варете 15 минути.
Истурете ја жешката смеса во тавата, израмнете ја површината и исечете ја по желба.
Почекајте плочките да се изладат околу час и половина и можете да ги послужите.
М. С. | Црнобело